​Поведена постапка против четири лица за пожарот во Трубарево, Обвинителството бара притвор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири лица поради основано сомнение дека учествувале во извршување на кривичното дело „Загрозување на животната средина и природата со отпад“.

​Обвинителството вечерва ќе побара мерка 48-часовен притвор за да се обезбедат докази.

​Истрагата е насочена кон:

  • ​56-годишен маж, управител и сопственик на две правни лица.
  • ​22-годишна жена, управителка на трето правно лице.
  • ​42-годишен маж, раководител на подружница.
  • ​59-годишен маж, вработен во правно лице.

​Обвинителството истакнува дека се испитува и потенцијална одговорност на други лица. Во тек се повеќе наредби за обезбедување докази, а се очекуваат и резултатите од мерењата на загадувањето на воздухот од Министерството за животна средина.