Повреден ракометниот репрезентативец Томислав Јагуриноски

Македонскиот ракометен репрезентативец Томислав Јагуриноски се здоби со сериозна повреда на грбот, која ќе го оддалечи од терените на подолг период. Повредата се случи на финален натпревар од подготвителен турнир на неговиот нов клуб, германскиот Десау Рослер.

​Јагуриноски незгодно приземјил на грбот и веќе е на поштеда. Во следниот период ќе се утврдува должината на рехабилитацијата.

​Ова е четврта повреда на македонски ракометен репрезентативец. Поради повреди, во моментот надвор од терените се и Марко Митев, Никола Костески и Милан Лазаревски, кои се очекува да се вратат за два до три месеца.