Манифестацијата „100 Илјади поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“, распиша поетски конкурс по повод јубилејното 15. издание на Фестивалот.
Повикот е отворен за автори од сите генерации, а темата на поезијата треба да биде социјално ангажирана, со фокус на промените на глобално и локално ниво.
Секој автор може да учествува со по една песна, која треба да се испрати на Фејсбук-профилот на манифестацијата или на електронската адреса poetizapromena@gmail.com најдоцна до 20 септември 2025 година.
Комисијата, составена од организацискиот одбор и здружението, ќе ги разгледа пристигнатите песни, а избраните автори ќе бидат застапени во зборникот „100 Илјади поети за промена“ – Македонија. Останатите песни ќе бидат објавени на официјалниот сајт на манифестацијата.
Манифестацијата е поддржана од Општина Струмица и Фондација Заев.