​Пожарот во „Дрисла“ ќе се гаси со затрупување со земја

​Главниот штаб за управување со кризи одлучи да го сузбие пожарот во депонијата „Дрисла“ со затрупување со земја, бидејќи гасењето со вода не дало резултати. Ова го изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, објаснувајќи дека надлежноста за пожарот е преземена од Главниот штаб поради кризната состојба со пожарите на целата територија на државата.

​Ангелов додаде дека е побарано од Владата да се забрани секакво движење и во депонијата „Вардариште“.

​Пожарот во „Дрисла“, кој избувна вчера, сè уште е активен во централниот дел на депонијата, при што се испушта густ чад. Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), во гаснењето интервенираат 7 пожарникари со 2 противпожарни возила од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. ЦУК известува дека пожарот не се шири и не претставува закана за околните населби или шума.