​Пожарот во фабриката „Винчини“ е ставен под контрола, повредени пожарникари

Големиот пожар што избувна во фабриката „Винчини“ во Виница е ставен под целосна контрола. Неколку пожарникари се здобиле со изгореници на стапалата, откако се заглавиле во смола од стопен шеќер додека се обидувале да го изгаснат пожарот.

​Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, соопшти дека огнената стихија зафатила три производни погони и два магацини. Благодарение на брзата интервенција на противпожарните екипи, спречена е поголема штета и спасени се останатите делови од фабриката, вклучувајќи и магацини со готови производи и суровини.

​Во гаснењето на пожарот учествуваа тимови од повеќе градови: Виница, Македонска Каменица, Делчево, Кочани, Пробиштип, Штип, Струмица, Кавадарци и Велес.

​Пожарот бил пријавен во 18:40 часот преку бројот за итни случаи 112, а на терен веднаш излегле екипите на ТППЕ Виница, кои добиле поддршка од околните општини.