​Пожарот на Дрисла сè уште активен, Ангелов тврди дека чадот се намалува

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, информираше дека на депонијата Дрисла сè уште има чадење, но ситуацијата е подобра во споредба со вчерашниот ден. Тој објасни дека пожарите на депониите тешко се гаснат со вода поради хемиските и биолошките процеси кои создаваат запаливи гасови.

​На терен дејствува „ер-трактор“ кој се обидува да го ублажи чадењето со посебна пена, а Ангелов очекува дека до вечерните часови чадот ќе биде целосно намален или ќе прекине.

​Во однос на депонијата Вардариште, Ангелов информираше дека таму нема ниту горење, ниту чад. За да се спречат идни инциденти, ангажирана е агенција за обезбедување, чиј тим е веќе на терен. Ќе биде изработен и детален план за да се спречат обиди за повторно подметнување пожар, бидејќи постојат сомненија дека и Дрисла и Вардариште биле намерно запалени.

​Ангелов потсети дека веќе има кривична пријава и притвор за три лица кои биле вклучени во нелегален откуп на материјали од оние кои палат кабли. Тој се надева дека со ова ќе се обесхрабрат слични активности во иднина.