Пожар во скопската населба Козле

​Ноќеска избувнал пожар во скопската населба Козле, на улицата „Јуриј Гагарин“, во близина на основното училиште „Владо Тасевски“.

​Пожарната бригада на Скопје интервенирала со четири возила, откако пламенот зафатил една шупа, а поради големината на пожарот бил оштетен и покривот на соседната куќа.

​Командирот на Противпожарната бригада, Ѕвонко Томевски, изјави дека пожарот бил голем и дека им биле потребни два часа за целосно да го изгаснат.

​Во инцидентот нема повредени лица, а причината за пожарот дополнително ќе се утврдува.