Пожар над скопското село Батинци, се претпоставува дека е намерно подметнат

Голем пожар избувна попладнево на отворен простор над скопското село Батинци. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, информираше дека пожарот зафатил ниска трева, грмушки и мешана шума, а поради силниот ветер брзо се шири.

​На терен се испратени екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје (БППЗ), а во гаснењето ќе се вклучат и два пинцгауери и два ер трактори на ДЗС, како и еден хеликоптер на МВР.

​Според првичните информации, се претпоставува дека пожарот е намерно подметнат. На местото на настанот е присутен и директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али.