Познати се четворицата тенисери кои ќе се борат за трофејот на овогодинешното издание на УС Опен. Во полуфиналните дуели ќе се сретнат:
- Новак Ѓоковиќ (Србија) против Карлос Алкараз (Шпанија)
- Јаник Синер (Италија) против Феликс Оже-Алијасим (Канада)
Двата натпревара ќе се одиграат утре, на 5 септември.
Да потсетиме, во 2024 година, Јаник Синер стана првиот Италијанец во историјата што го освои УС Опен, откако во финалето го совлада Американецот Тејлор Фриц.