ПОЛИТИЧКА ОПСЕСИЈА НА ДПМНЕ СО ОПОЗИЦИЈАТА Е ЗАГРЕОТА

Дајте да расчистиме со една работа која е веќе досадна до граница на политички морбидитет.

Владејачката партија покажува патолошка опсесија со активностите и историјата на опозицијата. Но, оваа фиксација не е случајна грешка, туку свесна, деструктивна стратегија.

1.ВМРО ДПМНЕ, покажува елементарна институционална незрелост/неспособност за суштинско управување; Имено, забораваат дека власта е дефинирана со програми и резултати, а не со континуирано критикување на претходникот.

И ова OCD de facto е признание за неспособностa да се испорачаат реформи.

2. Стимулирате и поларизација!
Со постојаното држење на опозицијата како „главен непријател“, вие не водите политика – вие водите војна. Ова го уништува капацитетот на државата за национален консензус и ја претвора секоја дебата во племенска пресметка.

3. Бегате од Одговорност. Оти, опсесијата со СДСМ е најевтиниот трик за одвлекување на вниманието од сопствените неуспеси во економијата, борбата против корупцијата и европските интеграции.

Политичката зрелост значи да се престане со демагогијата и да се преземе контрола врз државата.

Какво е ова бесмисленото лутање!? Имате апсолутна власт и апсолутната одговорност.

Почнете да работите. Или признајте дека најголемата опозиција ви е всушност сопствената неспособност.

 

Пишува: Ана Чупеска