Полицаец од Битола пријавен за „оддавање службена тајна“

Одделот за внатрешна контрола при МВР поднесе кривична пријава против Б.Ј., самостоен инспектор во СВР Битола, поради сомнение за сторено кривично дело „оддавање на службена тајна“.

​Според пријавата, инспекторот во два наврати, на 9 и 17 јануари 2025 година, неовластено извршил проверка на податоци од системот за регистрирање и управување со оружје за друго лице. По проверката, со својот мобилен телефон фотографирал од мониторот на службен компјутер на МВР и фотографиите ги споделил со неовластено лице.

​Против Б.Ј. ќе биде поведена и дисциплинска постапка за кршење на работната дисциплина, а тој ќе биде отстранет од работното место до завршувањето на постапката.