Полициски службеници од ОВР Гостивар извршиле претреси во објекти на две лица, при што пронашле и одзеле марихуана.
На 8 септември во 12:00 часот, во селото Добридол, гостиварско, била уапсена С.Ј. (38) од Гостивар. Со судска наредба бил извршен претрес во објект и помошни простории што таа ги користи, при што биле пронајдени две големи и едно помало пакување со марихуана.
Истиот ден, во 18:00 часот, со судска наредба бил извршен претрес во домот на С.Ш. (42) од Гостивар, каде биле пронајдени и одземени 34 пакувања со марихуана.
С.Ј. е задржана во полициска станица, додека полицијата презема мерки за пронаоѓање на С.Ш. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.