Полицијата спаси две лица од Преспанското езеро

​Полициски службеници од полициската станица во Стење денеска спасија две лица од Преспанското езеро, откако во Центарот за управување со кризи Битола беше пријавено дека лице во чамец бара помош.

​Инцидентот се случил во 14:33 часот, во езерото помеѓу селата Стење и Коњско.

​Безбедно се извадени Ф.И. (27) и С.С. (75), двајцата од Битола, кои се во добра здравствена состојба.