Полицијата спречи ширење на пожар кај СЦ „Борис Трајковски“, девет полицајци на Токсикологија

Денеска околу 16:00 часот во близина на спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје избувна пожар, при што беа загрозени објекти и паркирани возила.

​И покрај неповолните временски услови, полициски службеници, заедно со екипа на противпожарна заштита, презедоа мерки за да спречат ширење на пожарот кон објекти, возила и лизгалиштето.

​Исто така, безбедно беше извршена евакуација на учесниците на ракометниот турнир, како и на сите други присутни спортски работници и публика.

​Како последица на вдишување чад, девет полициски службеници се пренесени на Одделот за токсикологија, каде што се на кислородна поддршка. Нивната состојба е стабилна.