Поскапи цени на горивата од полноќ

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика од полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V), се зголемуваат за 2,00 ден.

Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 73,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 75,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 66,00 ден/литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,375 ден/кг и сега ќе изнесува 37,155 ден/кг.