“Со огромна болка и тага ја примив веста за прераната загуба на нашиот драг другар, сопартијец и борец за подобро општество, Кирил Киркиновски – Кире, член на Општинската организација на СДСМ Чаир.
Кире беше човек што зрачеше со искреност, несебично залагање и верба во вредностите што сите нè обединуваат – солидарноста, правдата и човечноста.
Секогаш присутен, секогаш подготвен да помогне, да охрабри, да биде пријател и сопатник.
Неговата добрина, топлина и непокорна енергија ќе остават празнина која тешко ќе се пополни.
Во мое име и во име на сите другари и другарки, упатувам најдлабоко сочувство до неговото семејство, пријателите и сите што го сакаа.
Почивај во мир, Кире. Ќе те паметиме и ќе те носиме во срцата”, напиша Александар Димитријевиќ – Генерален секретар на СДСМ