Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, објави дека на улицата „Костурски херои“ се поставени столпчиња, со што се решил проблемот со непрописното паркирање на автомобили и таксисти кај Универзалната сала.
Според Герасимовски, оваа мерка ја подобрила безбедноста на пешаците и овозможила непречен проток на сообраќајот и движењето на граѓаните.
Тој истакна дека ова било едно од барањата на граѓаните на Центар од караванот „Се гледаме во маало“, нагласувајќи дека општината ги слуша и ги исполнува нивните барања.