Судијата од Апелацискиот суд Скопје, Енвер Беџети, е конечно разрешен од функцијата, откако Советот за одлучување по жалба при Врховниот суд ја потврди одлуката на Судскиот совет.
Судскиот совет претходно, на 26 мај 2025 година, донесе одлука за разрешување на Беџети по спроведената постапка за утврдување одговорност. Беџети ја обжали таа одлука, но Врховниот суд денеска ја потврди.
Разрешувањето доаѓа откако во декември минатата година, Енвер Беџети, заедно со поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, беше ставен на црната листа на САД.
Американската амбасадорка, Ангела Агелер, тогаш посочи дека двајцата се ставени на листата поради примање мито и одолговлекување судски предмети, особено оние поврзани со кривичното осудување на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.
„Денешното назначување на Артан Груби и Енвер Беџети е доказ дека политичкото мешање во судството не може – и нема – да се толерира… Никој не е над законот, а одговорноста е од суштинско значење за напредок,“ рече Агелер по објавувањето на санкциите.