Според пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), за покривање на основните животни потреби, на едно четиричлено семејство во септември му биле потребни 65.077 денари.
Ова претставува намалување од 430 денари во однос на потрошувачката кошница за месец август.
Во табелата на ССМ, за храна и пијалоци во септември се потребни 23.394 денари, што е за 670 денари помалку од претходниот месец.
Ако семејството живее под кирија во стан од 60 метри квадратни, вкупните месечни трошоци се искачуваат на најмалку 80.452 денари.