ПОЦ: ​105 непрописно паркирани возила отстранети во Центар

Во заедничка акција на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ) и Сообраќајната полиција-Скопје, со помош на специјалните возила „Пајак“, санкционирани се 105 непрописно паркирани возила во општина Центар.

​Акцијата е спроведена со цел да се овозможи нормално и безбедно одвивање на сообраќајот.

​Од ПОЦ и СВР Скопје најавуваат дека во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на несовесно паркираните автомобили за да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста.