​Почесна артилериска стрелба денеска во касарната „Илинден“ по повод Денот на независноста

По повод 8 Септември – Денот на независноста, денеска во касарната „Илинден“ во Скопје ќе се одржи почесна артилериска стрелба.

​Од Генералштабот на Армијата информираат дека најпрво, во 18 часот, ќе се изврши пробна почесна стрелба со истрелување на еден плотун од шест артилериски орудија.

​Главната почесна артилериска стрелба ќе се изврши во 19 часот, кога ќе бидат истрелани 10 плотуни од шест артилериски орудија.

​Почесната стрелба е дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување на државните празници.