Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека вчера во 14:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во својот дом е пронајден починат 66-годишниот Љ.П. од Охрид.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција со цел да се утврдат причините за смртта.