Почина долгогодишната новинарка и уредник на МТВ, Јулијана Тануровска

На 60-годишна возраст, почина Јулијана Тануровска, истакната новинарка и долгогодишен одговорен уредник на Сателитскиот сервис на МТВ1.

Тануровска целата своја професионална кариера ја посвети на Македонската радио-телевизија, работeјќи како репортер и како уредник во информативната програма и на Сателитскиот сервис. Со својот препознатлив и прецизен новинарски израз, таа со години обработуваше теми главно од областа на образованието и црквата, оставајќи траен печат во медиумскиот простор.

Погребот ќе се одржи в недела на Градските гробишта во Бутел.