Почина Игор Југ, еден од осудените за 27 април

Почина Игор Југ, осуденик за настаните од „27 април“, кој издржуваше 12-годишна затворска казна. Поради влошена здравствена состојба, тој беше на прекин од издржувањето на казната. Југ почина на 54-годишна возраст, од кои осум години помина зад решетки.

Во изминатиот период, тој бараше слобода и повторување на судската постапка за „27 април“, тврдејќи дека ниту еден од осудените не е терорист ниту извршил терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.