Легендарната италијанска актерка Клаудија Кардинале почина во вторникот на 87-годишна возраст во Немур, близу Париз. Веста ја потврди нејзиниот агент, соопштувајќи дека актерката починала во присуство на своите деца.
Кардинале е родена во Тунис во 1938 година во семејство со сицилијанско потекло. Иако првично сакала да стане учителка, по победа на избор за убавина, нејзиниот живот тргнува по филмскиот пат.
Кариера и приватен живот
Во текот на својата кариера сними повеќе од 170 филмови, соработувајќи со најголемите европски режисери и актери, како Лукино Висконти и Федерико Фелини, но и со холивудски легенди како Берт Ланкастер и Хенри Фонда.
И покрај тешките моменти во приватниот живот, како младешка траума и тајното мајчинство, Кардинале успеа да ја зачува својата сила и независност. Нејзината способност да ја претвори личната болка во мотивација ја направи инспирација за многу жени.
Кардинале беше добитничка на награди за животно дело од Венецискиот и Берлинскиот фестивал, а во 2017 година беше заштитно лице на Канскиот фестивал. Нејзиниот последен филм е снимен во 2010 година.