Почина легендата на фолк музиката, Халид Бешлиќ

По скоро двомесечна борба со тешка болест, легендарната музичка ѕвезда Халид Бешлиќ почина на 72-годишна возраст. Тој беше хоспитализиран во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево кон крајот на август.

​Роден на 20 ноември 1953 година во Кнежина кај Соколац, Бешлиќ остави неизбришлив белег на музичката сцена на поранешна Југославија и пошироко, со присуство на фолк сцената повеќе од 40 години.

​Бешлиќ беше познат по својот препознатлив глас, емоционална интерпретација и длабока поврзаност со публиката, поради што беше омилен меѓу сите генерации.

​Неговиот богат репертоар вклучува голем број хитови кои и денес се слушаат на овие простори, како што се: „Миљачка“, „Ја без тебе не могу да живим“, „Романија“, „Хеј зоро, не свани“, „Први пољубац“, „Нечу, нечу дијаманте“, „Севдах да се догоди“ и „Врачам се мајци у Босну“.