Маж на возраст од 30 години, со иницијали А.С. од Арачиново, им подлегна на повредите здобиени денеска по пукањето што се случи во близина на Полициската станица Бит Пазар. Тој бил итно пренесен на КАРИЛ, но, според информации од „Коха“, починал додека бил на операција.
Напаѓачите, чии идентитети сè уште не се познати, пукале кон А.С. со повеќе истрели, при што тој бил погоден во главата, градниот кош и други делови од телото.
Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека на улицата „Војдан Чернодрински“ околу 14 часот било пријавено пукање. Полицијата веднаш излегла на терен, каде што било утврдено дека се работи за вооружен инцидент со тешко повредено лице. На самото место биле пронајдени повеќе чаури.
Во моментов се води истрага, а се проверува дали случајот има поврзаност со претходна тепачка меѓу две групи, која се случила пред околу две недели.