Денеска, македонската јавност се збогува со една од најголемите оперски уметници, примадоната Милка Ефтимова, која почина на 89-годишна возраст во Скопје. Родена во Радовиш во 1936 година, Ефтимова беше симбол на посветеност и професионализам во музиката.
Ефтимова го имаше своето деби во 1961 година со улогата на Ацучена во „Трубадур“ од Верди. За време на нејзината кариера која траеше повеќе од три децении, таа настапи во над 40 оперски улоги и нејзиниот моќен глас одекнуваше на сцени во повеќе од 20 земји.
Нејзиниот последен настап беше во 1991 година, во претставата „Кармен“, со која ја заокружи својата кариера со вкупно 157 изведби. Покрај настапите, Ефтимова беше и професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде што ги инспирираше идните генерации уметници.
Неодамна, во Домот за стари лица, каде ги помина последните години од животот, беше организирана прослава по повод нејзиниот 89-ти роденден.
Погребот на Милка Ефтимова ќе се одржи на 16 август во нејзиниот роден град Радовиш. Со нејзиното заминување, македонската опера загуби голем уметник, но нејзиниот легендарен глас и богатото културно наследство ќе живеат уште долго.