Почина Проф. Др. Виктор Исјановски поранешен директор на Здравствен Дом

Поранешниот директор на ЈЗУ „Здравствен дом – Скопје“, Проф. Др. Виктор Исјановски, почина на 47-годишна возраст додека престојувал на летување во Грција.

​Исјановски беше на чело на оваа голема здравствена установа од јуни 2019 до 2024 година. Македонската јавност најмногу го памети по неговата активност за време на пандемијата со коронавирусот, кога Здравствен дом – Скопје беше целосно ангажиран во борбата против Ковид-19 и во процесот на масовна вакцинација.

​По професија, тој беше специјалист психијатар со богата професионална кариера. Неговите пријатели и колеги се простуваат од него преку социјалните мрежи, изразувајќи неверување од неговата прерана смрт.