Почна серија обуки за наставници и стручни соработници во општина Центар

Денеска во просториите на Младинскиот центар „Матично“ започна серија обуки на тема „Улогата на наставниците и стручните соработници во пренесување на вредностите и моралните норми кај младите“. Обуките ќе траат до среда.

​Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека обуките се наменети за директорите на основните и средните училишта, стручните соработници и избрани наставници. Целта е да се пренесат современи методологии и практики за развој на вредносниот систем кај младите.

​Предавачи се професорките Татјана Стојаноска Иванова, Анета Бараковска, Калина Сотироска Иваноска и Софија Георгиева од Институтот „Европски соѕвездија“.

​Герасимовски нагласи дека инвестирањето во едукацијата на наставниците е вложување во иднината на децата и дека ваквите активности помагаат да се изградат здрави генерации што ги почитуваат вистинските вредности.