​По поразот од Германија, Дончиќ зборуваше за судењето и својата повреда

Најдобриот словенечки кошаркар, Лука Дончиќ, изјави дека е горд на својот тим и покрај поразот од Германија со 99:91 во натпревар во кој Словенија водеше во поголемиот дел од времето. Дончиќ го заврши мечот со импресивна статистика: 39 поени, 10 скока и седум асистенции.

​По натпреварот, тој одби директно да ги коментира судиите, но нагласи дека судењето влијаело врз неговата игра. Дончиќ уште на почетокот доби техничка грешка, а потоа уште една лична грешка во првите три минути. Во третиот период ја заработи и својата четврта лична грешка, што значително ја ограничи неговата продуктивност.

​„Не сакам да зборувам за судиите. Навистина не сакам. Но, четири фаули на почетокот на третата четвртина, нешто такво никогаш не ми се случило во животот“, изјави Дончиќ.

​На прашањето за неговата повреда, тој одговори: „Не кревајте паника. Ќе имам неколку дена за одмор, па потоа започнува новата сезона.“