По убиството на Буњаку се огласи чаирскиот оџа: Да се престане со насилство и дивеење, со пукање и газење луѓе

По убиството на Хебиб Буњаку во Чаир, кој имаше едвај 35 години, оџата Мyарем Исмали од џамијата Иса Бег во своето обраќање по петочната молитва ги постави прашањата со кои треба да се соочи целото пошироко општество – за да се престане со насилство и дивеење, со пукање и газење луѓе; за да се вратиме на темелните човечки вредности и секој еден човечки живот да биде свет за секој од нас.

Видеото го сподели поранешниот пратеник на СДСМ, Мухамед Зекири кој беше и Генерален секретар во Владата.

Целосното обраќање на оџат Муарем Исмали можете да го погледнете во продолжение.