По 50 години, Центар добива нова градинка – „Пролет“ блеска во модерно руво

По цели пет децении, Општина Центар добива нова детска градинка! Оваа недела, свечено ќе биде отворена градинката „Пролет“, прва изградена на територијата на општината по 50 години.

Градинката е резултат на посветената работа на локалната самоуправа предводена од градоначалникот Горан Герасимовски, кој најави дека ова е само почеток на новата урбана приказна за Центар.

„Изградивме градинка по најсовремени стандарди – модерна, урбана и целосно прилагодена на потребите на децата и вработените. Еве вака изгледа, светски! Испишавме нова приказна за Центар,“ изјави Герасимовски.

Градинката „Пролет“ е простор кој нуди топлина, безбедност и креативност – вредности кои се темел на секоја квалитетна предучилишна установа.

Свеченото отворање е закажано за четврток, а се очекува голем број граѓани, родители и јавни личности да присуствуваат на настанот.