Предизборна кампања 2025: Денешни активности на партиите низ Македонија

Предизборната кампања за локалните избори 2025 продолжува со митинзи и прес-конференции на најголемите политички партии низ земјата. Во фокусот се обраќањата на партиските лидери и претставувањето на кандидатите за градоначалници на Скопје.

​ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска ќе одржат митинзи и средби со граѓани во Маврово, Ростуше, Гостивар и Тетово.

​Предизборниот караван на СДСМ е насочен кон јужниот дел на земјата, со активности во Дојран, Богданци, Гевгелија и Валандово.

​Од Левица за денеска најавија средба со граѓани во Неготино. На настанот ќе присуствуваат лидерот на партијата Димитар Апасиев, пратеникот Сашко Јанчев, носителот на листа Никола Ламбев и останатите кандидати за советници.

​ГРОМ – Граѓанска Опција за Македонија планира работен медиа брифинг за поблиско запознавање со програмата на Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на Град Скопје од коалицијата „Искуство за успех“.

​Во текот на денот најавени се повеќе прес-конференции и изјави од кандидатите за градоначалници:

​Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, ќе одржи прес-конференција во Општина Бутел.

​Каја Шукова, кандидатка за градоначалничка на Скопје од СДСМ, и Влатко Митовски, кандидат за градоначалник на Општина Гази Баба, ќе дадат изјави за медиумите.

​Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Град Скопје, најави прес-конференција на која ќе го презентира целосното решение за јавниот превоз во Скопје.

​Прес-конференции се најавени и од потпретседателот на ДУИ Арбер Адеми, како и од кандидатите Селвер Ајдини (Куманово), Исамедин Азизи (Бутел) и Бујар Османи (Чаир) од НАИ.