Прекини во струјата денеска во Центар, Аеродром и Сарај – еве кои делови ќе бидат без електрична енергија

Денеска делови од скопските општини Центар, Аеродром и Сарај ќе останат без струја поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа.

Според најавата од ЕВН Македонија, прекинот ќе се случи во следните термини и локации:

Од 06:00 до 08:00 часот, без струја ќе бидат корисниците на ул. Максим Горки бр. 20, објектот Луна Бизнис на ул. Новопроектирана 2 и околните објекти во општина Центар.

Од 08:30 до 13:00 часот, без електрична енергија ќе биде селото Крушопек, општина Сарај.

Од 08:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на ул. Ѓорѓи Крапчев во општина Аеродром ќе останат без струја.

Од 09:00 до 12:00 часот, без струја ќе биде ул. Венијамин Мачуковски, Националниот ансамбл Танец околната населба во Аеродром.

Граѓаните се замолуваат за разбирање и да ги следат известувањата од ЕВН Македонија за евентуални промени или дополнителни информации.

За пријавување проблеми или добивање повеќе детали, може да се обратите директно кај ЕВН Македонија.