Не знам кој го гради хотелот, не знам ниту каква е правната рамка, имам разбирање за девастацијата на природниот амбиент, но, слушајте, за мене ова е најубаво место за ваков велелепен објект. Кога ќе биде готов, тоа околу ќе се уреди и озелени и Охрид и Македонија ќе добијат репрезентативен објект.
Да биле Македонците населени околу Комо, таму сега ќе пасеа овци и околу езерото ќе имаше неколку трла и мандри.
Најубавиот залив на Јадранот, Увала Чикат, е борова околина исшарана со прекрасни хотели уште од времето на К&К империјата.
Охриѓани и граѓаните на Македонија кои придонесоа Охрид да се девастира од внатре, па и околу, продолжуваат со мантрата да не се гради.
Клучен елемент е прочистителната станица на објектот кој во Езерото мора да испушта само дестилирана вода.
Евентуално и малку “Макалан”.
Сашо, џипот не ми го плати, сега се надевам дека ќе добијам едно собиче со поглед на езерото на три четири години пред да умрам, плус обврска да ме кремираш и пепелта со специјален авион да ми ја фрлиш над водите. Кој знае кај ќе ме однесе ветерот.
Пишува: Бранко Тричковски