​Препораки од Институтот за јавно здравје поради загаден воздух

Институтот за јавно здравје издаде препораки за заштита на граѓаните од загадениот воздух, особено во близина на подрачјата зафатени со пожари.

​За да се заштитат од штетните субстанции, се препорачуваат следниве мерки:

  • ​Во областите со загаден воздух, особено во близина на пожари, останете дома и затворете ги прозорците.
  • ​ Исклучете ги клима-уредите и вентилацијата што вшмукува надворешен воздух за да спречите влез на чад.
  • ​Редовно следете ги официјалните соопштенија за квалитетот на воздухот.
  • ​Лица со респираторни заболувања, мали деца, постари лица и бремени жени треба да избегнуваат излегување на отворено.
  • ​Доколку мора да се движите на отворено во близина на пожарите, користете соодветни маски.
  • ​Установите за нега на стари лица треба да преземат мерки за да ја минимизираат изложеноста на отворено на оваа група.
  • ​Обратете внимание на симптоми како кашлица, отежнато дишење, главоболка или иритација на очите, носот и грлото и побарајте медицинска помош доколку ги забележите.
  • ​Воздржете се од контакт со отпад од погодените области додека не се добие официјална дозвола за пристап.
  • ​Следете ги упатствата од јавните здравствени установи и службите за итни случаи, вклучувајќи ги и оние за евентуална евакуација.