Престрелка пред Општина Куманово: Неофицијално ранет кандидат за советник во Липково

Попладнево се случи престрелка пред зградата на Општина Куманово. Според неофицијални информации, во инцидентот е ранет кандидат за советник во Општина Липково.

​Очевидци за локалниот портал Кумановски муабети информираат дека напаѓачот успеал да избега, и покрај тоа што голем број полициски службеници веднаш излегле од зградата на кумановската полиција која се наоѓа на само неколку метри од локацијата.

​По инцидентот, големи полициски сили, опремени со панцири и автоматско оружје, се распоредени околу зградата на Општина Куманово.