Претседателката Сиљановска-Давкова на одбележување на 20 години од камен-темелникот на Меморијалниот центар на Холокаустот

Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, вечерва присуствуваше на одбележувањето на 20 години од поставувањето на камен-темелникот на Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија.

​На настанот беше промовирана и книгата на Тихомир Каранфилов, со наслов: „Евреите од Македонија и отворањето на Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија“.

​Според претседателката, споменикот го симболизира вековниот македонско-еврејски соживот, а промовираната книга ја раскажува заедничката историска приказна во добро и во зло.