Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска е во еднодневна работна посета на Франција.
Во рамки на посетата, Филипче ќе има повеќе состаноци со француски официјални лица. Предвидени се средби со:
- Лилиана Танги, потпретседателка на групата за пријателство Франција – Северна Македонија.
- Жозеф Жустиниани, шеф на Канцеларијата за соседство, проширување и одбрана.
- Брис Рокфеј, директор за Континентална Европа.
- Рене Троказ, специјален претставник за Балканот.
- Бенжамин Куто, истражувач во Институтот „Жак Делор“.
Во фокусот на разговорите ќе биде спроведувањето на реформската агенда на Македонија и моменталниот статус на нејзиниот евроинтеграциски процес.