Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудството и здруженијата на граѓани (УПОЗ), Трпе Деаноски, јавно изрази сомнеж во официјалните податоци за бројот на вработени што примаат минимална плата.
Во својата објава, тој посочува дека во март 2025 година, бројот на вработени со минимална плата бил 15.589, додека во април и натаму, таа бројка нагло паднала на нула.
„Нешто тука има сумљиво или јас не разбирам!!!!!“, напиша Деаноски, поставувајќи го прашањето дали е можно никој во Македонија да не прима минимална плата.