Приведени двајца турски државјани на Деве Баир со фалсификувани зелени карти

Полициски службеници на Граничниот премин Деве Баир ги приведоа Ш.А. (46) и Џ.К. (39), двајца турски државјани, откако открија дека приложиле фалсификувани меѓународни зелени карти за возилата што ги управувале.

​Првиот случај се случил на 2 септември 2025 година, кога при гранична проверка на товарно возило „даф“ со турски ознаки, полицијата констатирала дека зелената карта на Ш.А. е фалсификувана.

​Вториот случај бил регистриран неколку часа подоцна, на 3 септември 2025 година, кога Џ.К. исто така приложил фалсификувана зелена карта за своето товарно возило „рено“.

​Двајцата турски државјани се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.