Полицијата вчеравечер во Кавадарци го приведе А.Р. (24) од Битола поради агресивно и недолично однесување за време на ракометен натпревар меѓу РК Вардар и РК-Еурофарм Пелистер. Инцидентот се случил во спортската сала „Јасмин“, кога навивачот се однесувал агресивно кон играчите на РК Вардар.
Против А.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава, а полицијата работи на идентификација на уште еден навивач од Битола, кој по завршувањето на натпреварот запалил пиротехничко средство во салата.
Исто така, против организаторот на натпреварот ќе биде поднесена пријава, согласно Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари.