СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.К. (27) од Кавадарци и С.Р. (30) од Прилеп, поради сомнеж дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 2 септември 2025 година, на крстосницата Валандово-село Чалакли, полицијата извршила претрес на возило „ауди“ во кое биле осомничените. Кај А.К. била пронајдена бела грутчеста материја за која подоцна признал дека е кокаин со тежина од околу 100 грама.
Двајцата се приведени во Полициската станица Струмица. По извршените претреси на неколку локации во Прилеп, пронајдени се предмети поврзани со кривичното дело.
Судија од Основен суд Гевгелија им одреди мерка притвор од 30 дена.