Прилеп не смее да молчи: Граѓански протест за спас на ФК Победа

Прилеп се буди! Граѓаните најавуваат масовен протест за поддршка на фудбалскиот клуб Победа – симболот на градот кој, како што велат организаторите, е оставен да тоне во заборав.

„Ако сега молчиме – утре нема да има каде да тренира ниту едно дете. Нема иднина без спорт, нема иднина без Победа!“, стои во повикот до јавноста.

Протестот е најавен за сабота, 26 јули, со почеток во 10 часот, пред зградата на Општина Прилеп, со јасна порака: време е за реакција, за план, за враќање на достоинството на клубот и шансата за младите генерации.

Организаторите повикуваат на масовно присуство – родители, деца, спортисти, тренери, навивачи и сите граѓани кои веруваат дека Прилеп заслужува функционален спортски систем.

„Да им покажеме дека Прилеп не се предава така лесно. Да побараме решенија и поддршка – за Победа и за иднината на спортот во нашиот град!“, велат иницијаторите.

Придружи се!

Не молчи – сподели!