Со шест независни кандидати за градоначалник, Прилеп се издвојува како град со најголем број на независни кандидатури на претстојните локални избори.
Еве кои се независните кандидати што ќе се борат за градоначалничката функција:
- Павлинче Матеска
- Љупчо Дунимаглоски
- Рубин Најдоски
- Борче Чупетрески
- Ѓорѓија Игески
- Злата Рапешоска
Покрај кандидатите за градоначалник, во Прилеп се пријавени и три независни листи за советници, со следниве носители: Ванчо Спиркоски, Страшо Наумоски и Иле Бачанов.
Од политичките партии, засега само СДСМ излезе со свој кандидат, Петра Лукароска, додека ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште нема истакнато кандидат за градоначалник на Прилеп.