Прилеп трча на „Че Трчаме 2025“

Утре (недела), на 31.08.2025 година, со почеток во 09:00 часот, во Прилеп ќе се одржи масовната градска трка „Че Трчаме 2025“.

​На патеките од 5 и 10 километри ќе учествуваат околу 900 тркачи, меѓу кои рекреативци, професионални спортисти и љубители на спортот од целата земја.

​Стартот на трката е во центарот на Прилеп, а организаторите ги повикуваат сите граѓани да дојдат и да ја поддржат манифестацијата, со цел да се покаже дека Прилеп е град на спортот, младоста и заедништвото.