Основното јавно обвинителство Кавадарци отвори истражна постапка против едно лице од Неготино, осомничено за изнуда во обид и загрозување на сигурноста на градоначалникот на Неготино.
Кривичните дела, според обвинителството, се случиле во периодот од 2 до 18 септември. Осомничениот, користејќи анонимен Фејсбук-профил и официјалната електронска пошта на општината, му се заканувал на градоначалникот и неговото семејство, обидувајќи се да го присили да му исплати 3.000 евра.
Заканите предизвикале чувство на страв и несигурност кај градоначалникот и неговото семејство.
Поради постоење опасност од бегство и можност за повторување на делото, јавниот обвинител побара од судијата на претходна постапка да одреди мерка притвор за осомничениот.