Притвор за 9, куќен за 5 лица, ова се мерки против осомничените за измами со туѓа нега и инвалидски пензии

Девет лица завршуваат во притвор, а пет добиваат мерка куќен притвор, поради сомнежи за злоупотреби поврзани со незаконско стекнување право на туѓа нега и инвалидски пензии – информира Основниот кривичен суд Скопје.

Судии на претходна постапка, постапувајќи по предлог на Јавниот обвинител, донесоа мерки за обезбедување присуство и претпазливост против вкупно 24 осомничени лица, од кои 23 се спроведени пред суд, додека едно сè уште е недостапно.

Судот донесе одлуки:

  • Притвор од 30 дена за 9 лица, поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и повторување на делото.
  • Куќен притвор за 5 лица.
  • Мерки на претпазливост за 9 лица, кои вклучуваат обврска за редовно јавување во суд и привремено одземање на патна исправа.

Случајот е дел од поширока акција на ОЈО ГОКК за откривање мрежа на злоупотреби во процесите за доделување социјални права на лица со попреченост или неспособност за самостојно живеење.