Пријавена смрт на турски државјанин во Скопје

​Вчера околу 16:40 часот, во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека со тешки телесни повреди бил донесен 61-годишниот турски државјанин, М.А.О.

​Полицијата соопшти дека лицето што го донело повредениот со приватно возило си заминало веднаш по неговото оставање.

​За жал, М.А.О. починал околу 19:30 часот, а лекар констатирал смрт.

​По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.